Објавено на:

Трамп: Не сакам Курдите да влегуваат во војната против Иран

t

Американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрли можноста курдските борци да се вклучат во војната против Иран, истакнувајќи дека не сака тие да бидат изложени на опасност, пренесува Волстрит Журнал.

„Го исклучив тоа, не сакам Курдите да влегуваат. Не сакам Курдите да бидат повредени или убиени. Имавме добри односи. Подготвени се да влезат, но навистина им реков дека не сакам да влегуваат“, изјавил Трамп пред новинарите во претседателскиот авион Ер Форс Уан.

Тој додал дека Соединетите Американски Држави „не сакаат да ја направат војната посложена отколку што веќе е“.

Многу ирански Курди живеат во соседен Ирак поради, како што се наведува, долгогодишен системски прогон во нивната татковина. Дел од нив сега гледаат можност за соборување на иранската власт и за добивање поголема заштита и слободи доколку дојде до промена на раководството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Не сакам Курдите да влегуваат во…

Американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрли можноста…

Иранскиот претседател се закани со нови напади…

Иранскиот претседател се закани дека ќе ги…

Нетанјаху најави „изненадувања за Иран“

Војната против Иран ќе продолжи со несмалена…

Си-Ен-Ен пресмета: Војната ги чини Американците над…

Денови по почетокот на војната со Иран…

Трамп: Иран веќе не е насилникот, туку…

Американскиот претседател Доналд Трамп предупредува дека Иран…