Објавено на:

Трамп: Парите од осигурителните компании треба да одат кај Американците, а не кај лихварите

t

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска предложи можен компромис за прекин на блокадата на работата на федералната администрација, повикувајќи ги републиканците државните средства, кои во моментов одат за здравствено осигурување, да ги насочат директно кон американските граѓани.

„Предлагам на републиканците од Сенатот стотици милијарди долари, кои моментално се испраќаат на осигурителни компании за да се спаси лошото здравство што го нуди ОбамаКеар, да им се испратат директно на луѓето, за тие сами да можат да купат многу подобра здравствена заштита и при тоа да заштедат“, напиша Трамп во објава на социјалната мрежа.

„Со други зборови, земете од големите, лоши осигурителни компании, дајте им на луѓето и со тоа укинете, по потрошените долари, најлош систем на здравствена заштита во светот – ОбамаКеар“, додаде американскиот претседател.

Блокадата е најдолга во историјата

Објавите на Трамп на неговата социјална мрежа Truth Social се појавија само неколку часа пред седницата на Сенатот во сабота, ден откако ова тело го одби законот со кој би се застанала најдолгата блокада на федералните институции во историјата на САД и би им се овозможиле исплати на платите на стотици илјади јавни службеници.

Пратениците сè уште не се согласуваат околу начинот на кој треба да се надмине спорот што предизвика блокадата.

Демократите сакаат закон што вклучува здравствени субвенции, кои на крајот на годината треба да истечат за 24 милиони Американци, додека републиканците тврдат дека Конгресот пред да ги реши овие прашања мора да изгласа општ закон за буџет без дополнителни услови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Парите од осигурителните компании треба да…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска предложи можен…

Најголемиот критичар на Кремљ предупредува: Подгответе се…

Најпознатиот руски опозициски критичар Михаил Ходорковски ја…

Курти: Или преодна влада до избори во…

Премиерот на Косово во технички мандат, Албин…

Хаос на аеродромите во САД: Повеќе од…

Повеќе од 700 летови низ САД беа…

Полицијата ги најде децата кои тепаа малолетник…

Случајот во кој четворица малолетници насилно се…