Објавено на:

Трамп побарал мислење од Орбан како да заврши војната во Украина

t

Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, по победата на претседателските избори на 5 ноември остварил неколку телефонски разговори со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, соопштија извори на унгарскиот сервис на Радио Слободна Европа.

Извори од унгарската влада рекоа дека Трамп побарал мислење од Орбан за завршување на војната во Украина, која трае од февруари 2022 година.

За време на претседателската кампања, Трамп ја критикуваше одлуката на администрацијата на Џо Бајден да и даде милијарди долари на Украина и постојано повторуваше дека може да ја заврши војната во рок од 24 часа по повторното влегување во Белата куќа.

Орбан, исто така, ја критикуваше помошта на Европската унија (ЕУ) за Украина и ги попречуваше европските санкции против Русија, а во декември, наводно, би можел да замине во мировна мисија за ставање крај на војната во Украина.

Извори на унгарскиот сервис на РСЕ сугерираат дека тоа би можело да вклучи пренесување на пораките на Трамп до Володимир Зеленски, Владимир Путин и кинескиот претседател Кси Џинпинг.

И покрај критиките од Брисел, Орбан отпатува во Москва во јули и се сретна со Путин, по разговорите со Зеленски, а потоа отпатува во Кина и на крајот во САД на средба со Трамп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…

Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и…

Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за…

(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…

Лиценца за испитен центар се издава за…

Власта бесрамно се фали со донациите на…

Левица ја оценува како крајно дрска и…

Владата најави ново задолжување од 700 милиони…

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска соопшти дека…