Трамп се заканува дека ќе го употреби Законот за бунт поради протестите во Минесота
Американскиот претседател, Доналд Трамп, се закани дека ќе го примени Законот за бунт доколку службениците на сојузната држава Минесота не ги спречат демонстрантите кои, според него, ги напаѓаат членовите на имиграциските служби.
Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп изјави дека ќе го активира Законот за бунт доколку „корумпираните политичари од Минесота“ не го почитуваат законот и не ги спречат, како што рече, „професионалните агитатори и бунтовници да напаѓаат службеници на Службата за имиграција и царина (ICE).“
Тој рече дека службениците на ICE се „патриоти кои само се обидуваат да си ја работат работата“ и додаде дека многу претседатели пред него го користеле тој закон.
Трамп изјави дека примената на овој закон брзо ќе го заврши, како што рече, „хаосот што се случува во оваа сојузна држава“.
Низ САД се одржаа низа протести поради убиството на американската државјанка и жителка на Минеаполис, Рене Гуд, која беше застрелана од агент на ICE во станбена област на градот на 7 јануари за време на операција на агенцијата.
Покрај Минесота, протести се одржаа и во Вашингтон, каде што демонстрантите се собраа пред Белата куќа, носејќи транспаренти и повикувајќи на промени и поголем надзор врз имиграциските и царинските служби.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп се заканува дека ќе го употреби…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, се закани дека…
САД му дадоа уште 45 дена на…
Американското Министерство за финансии преку Канцеларијата за…
Фредериксен: Факт е дека Данска и САД…
Данската премиерка Мете Фредериксен потврди дека Данска…
Најмоќните пасоши во светот за 2026 година:…
На глобалната патна мапа, постои мала група…
Министерство за одбрана: За првпат редовно се…
Министерството за одбрана останува на ставот дека…