ТРАМП СЕ ПОФАЛИ: Вели ако тој бил на власт, Путин само ќе сонувал за напад на Украина
Да бев на власт, Путин ќе сонуваше да почне војна со Украина ама никогаш немаше да посегне, вели кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп.
Трамп за себе вели дека е единствениот американски лидер во последните години во чиј мандат Русија не ги напаѓала своите соседи, вклучително и Украина.
Тој во интервју за „Вашингтон пост“, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин никогаш немало да започне војна против Украина ако останел на власт.
„Ние би разговарале за тоа, тоа би било негов сон, но тој никогаш не би го направил тоа со мене (на власт)“, рече Трамп.
Трамп објасни дека Путин почнал да размислува за нападот по повлекувањето на американските трупи од Авганистан во 2021 година.
Тој рече дека земјите од Европската унија треба да инвестираат во одбраната исто колку и САД, бидејќи, како што наведува, економијата на ЕУ „по големина“ е слична со економијата на САД.
Инаку, Трамп тврдеше дека за 24 часа ќе ја заврши војната во Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ТРАМП СЕ ПОФАЛИ: Вели ако тој бил…
Да бев на власт, Путин ќе сонуваше…
Навреди, турканици, запалени столчиња, тензично во албанскиот…
Денешната попладневна седница на албанскиот парламент траеше…
Студентите од утре може да се аплицираат…
Министерството за образование и наука (МОН) информира…
НАТО испраќа дополнителни сили на Косово
Околу 200 припадници на новоформираните сили за…
Човекот обвинет за обид за атентат врз…
Педест и осум годишниот маж обвинет за…