Трамп со уште една одлука: Го намалува финансирањето на медицинските истражувања
Американскиот национален институт за здравство (NIH) објави дека го намалува „индиректното“ финансирање за медицински истражувања наменети за институциите за четири милијарди долари годишно, што се однесува на режиски и административни трошоци, пишува денеска британски Гардијан.
Ќе биде дозволено ограничување од 15 отсто од грантовите дадени на институциите за покривање на дополнителни трошоци како што се одржување на зграда, набавка на опрема и плаќање на помошниот персонал.
Ова е големо намалување на финансирањето во споредба со претходниот систем на грантови доделени од НИХ.
„САД треба да ги имаат најдобрите медицински истражувања во светот. Затоа, од витално значење е да се осигура дека што е можно поголем дел од финансирањето оди кон директни трошоци за научно истражување, наместо за административни и режиски трошоци“, сооопшти Институтот.
Во 2023 година, девет од доделените грантови од 35 милијарди долари биле потрошени за покривање на општите трошоци, соопшти НИХ.
Последниот потег бил поздравен од поддржувачите на напорите на претседателот Доналд Трамп да го намали финансирањето на владините агенции.
Оваа мерка ја поздрави и Министерството за ефикасност на Владата, предводено од Илон Маск, велејќи дека НИХ завршиле одлична работа.
Истражувачите, сепак, предупредија дека ова намалување ќе ги загрози виталните медицински истражувања.
Мет Овенс, претседател на Советот за односи со владата, кој ги претставува универзитетите и академските медицински центри, рече дека покривањето на трошоците за одржување на објектите и администрацијата е составен дел од севкупните средства потребни за најсовремени научни истражувања.
„Американските ривали ќе се радуваат на овие мерки. Го повикуваме раководството на НИХ да ја преиспита оваа опасна политика пред нејзините последици да ги почувствуваат Американците“, рече тој.
Последните мерки доаѓаат откако администрацијата на Трамп веќе замрзна дел од средствата наменети за медицински истражувања.
Одлуката беше критикувана и од демократите, при што сенаторот Пети Мареј рече дека последиците од кратењето на средствата за истражувања кои спасуваат животи ќе бидат катастрофални за пациентите.
„Клиничките испитувања ќе бидат нагло прекинати со опасни последици. Само затоа што Илон Маск не разбира што значат индиректните трошоци, не значи дека Американците треба да платат за тоа со своите животи“, рече таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес ја погоди Албанија
Силен земјотрес ја погоди Албанија вечерва, јави…
Светот може да здивне: Иран официјално објави…
Денес, во порака до нацијата, претседателот на…
Томовски: Претходната влада трошеше недомаќински
Директорот на Службата за општи и заеднички…
Нетанјаху: Остваривме историска победа, му благодарам на…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата…
Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…