Трамп тврди дека победа на Харис би значела крај за Израел
Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат, Доналд Трамп изјави денеска дека победата на демократската претседателска кандидатка Камала Харис на изборите за Белата куќа во ноември ќе значи крај на постоењето на Израел.
Трамп на собир на Евреи, членови на Републиканската партија, преку видео врска, порачал дека гласањето за него е единствениот начин да се спаси еврејската држава од сигурно уништување, објави „Тајмс оф Израел“.
Тој вети дека „ќе му помогне на Израел повторно да стане голем“.
Трамп тврди дека Евреите се чувствувале безбедно во јавноста додека тој бил претседател на САД, игнорирајќи го пријавеното зголемување на бројот на антисемитски инциденти за време на неговото претседателствување, пишува израелскиот портал.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Израел нема капацитет да го уништи…
Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека „секогаш…
Мнозинството Американци се против војна со Иран
Мнозинството Американци изразуваат незадоволство од начинот на…
Босна и Херцеговина привремено ги затвора амбасадите…
Заедничките институции на БиХ започнаа подготовки за…
Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…
Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…
Нетанјаху: Израел има капацитет да ги уништи…
Израел може да ги погоди сите нуклеарни…