Трамп ја заострува борбата против дрогата: „Секој што го прави тоа ќе биде цел на напад“
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека секоја држава која криумчари наркотични средства во САД може да стане цел на напад.
– Секој што го прави тоа и продава во нашата земја е предмет на напад, рече Трамп пред новинарите за време на седница на кабинетот во Белата куќа, отворајќи ја темата за шверцот на кокаин од Колумбија.
Американскиот секретар за одбрана, Пит Хегсет, претходно истакна дека администрацијата ги поддржува одлуките на воените команданти во контекст на нападите врз сомнителни бродови за криумчарење дрога од Венецуела.
Хегсет посочи дека привремено се прекинале нападите бидејќи е тешко да се откријат бродови со дрога на отворено море, но дека операциите против наркокартелите ќе продолжат.
Состанокот на кабинетот што го водеше Трамп денеска беше последниот за календарската година, а изјавите за шверцот и можните напади ја нагласуваат решеноста на администрацијата да се бори против нелегалниот пренос на дрога.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп ја заострува борбата против дрогата: „Секој…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека…
Радев: Оставка на Владата на Бугарија е…
Вчерашниот протест во Софија и низ цела…
АМСМ: Нормализиран сообраќајот на ГП „Евзони“, за…
– Од 21:00 часот блокадите на Граничниот…
Средбата на Виткоф со Путин во Москва…
Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и…
СДСМ: Мицкоски се огради од народот, сега…
„Добро е што власта ги постави камерите,…