Трамп ја избриша фотографијата на која потсетува на Исус
Претседателот на САД Доналд Трамп ја избриша фотографијата генерирана од вештачка интелигенција на која е претставен во положба и сценографија така што потсетува на Исус Христос.
Објавата предизвика бројни реакции кај религиозните водачи.
Трамп подоцна изјави дека намерата била тој да биде прикажан како лекар кој ги лекува луѓето, а не како религиозна фигура. Тој ги обвини медиумите дека погрешно ја интерпретирале објавата.
– Треба да бидам јас како лекар, да ги направам луѓето подобри. И јас ги правам луѓето подобри. Ги правам луѓето многу подобри – рече Трамп.
На спорната слика тој беше прикажан со раце од кои излегува светлина, поставени над човек во болнички кревет.
Од Белата куќа засега нема официјален коментар за повлекувањето на објавата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп ја избриша фотографијата на која потсетува…
Претседателот на САД Доналд Трамп ја избриша…
Санчез го поддржа папата Лав XIV во…
Шпанскиот премиер Педро Санчез денес ги поддржа…
Мелони го брани папата: Нормално е да…
Италијанскиот премиер Џорџа Мелони денеска ги нарече…
ММФ предупредува: Блискиот Исток може да предизвика…
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предупредува дека актуелниот…
Битиќи: Поразот на Орбан треба да е…
Поразот на Виктор Орбан е политичка порака…