Објавено на:

Трамп ќе го има и на доларот: Првпат во историјата, на банкнотите ќе стои и потписот на претседателот

t

Американското Министерство за финансии објави дека потписот на Доналд Трамп ќе стои на новите доларски банкноти. За првпат во историјата име на актуелен претседател се појавува на книжни пари.

Првите банкноти од 100 долари со новиот потпис ќе се печатат во јуни. Потоа ќе следуваат и другите апоени. Досегашната пракса налагаше на парите да стои само потпис на министерот за финансии.

Министерот Скот Бесент ја објасни одлуката како признание за „историските достигнувања“ на Трамп. Потегот доаѓа во време кога се засилуваат симболичките потези поврзани со неговото враќање во Белата куќа.

Во јавноста во САД веќе се отвори дебата. Дел ја поздравува одлуката. Дел предупредува дека ваквите чекори можат да создадат култ на личноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп ќе го има и на доларот:…

Американското Министерство за финансии објави дека потписот…

Вучиќ: Курти оди кај Макрон со опасно…

Претседателот на Србија Александар Вучиќ тврди дека…

Шест години Македонија во НАТО

Пред точно 6 години, на денешен ден…

(Видео) Силно невреме во Хрватска: Затворени училишта,…

Силни ветрови дуваа цела ноќ во Загреб,…

Странските посетители на Албанија потрошиле 5,7 милијарди…

Странските посетители на Албанија потрошиле 5,7 милијарди…