Објавено на:

Трамп ќе се изјасни за невин во новиот случај за мешање во изборите во 2020 година

t

Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, во поднесокот до судот изјави дека ќе се изјасни за невин по обвиненијата во изменетото обвинение кое го товари дека се обидел да ја поништи неговата загуба на изборите во 2020-та година од Џозеф Бајден.

Трамп се откажа од правото да се појави на суд и наместо тоа ги овласти своите адвокати да се изјаснат во негово име во новиот случај против него, поврзан со наводното мешање во претседателските избори во 2020-та година.

Изменетиот обвинителен акт, поднесен минатата недела од специјалниот советник Џек Смит, ги вклучува истите четири обвиненија кои обвинителите ги покренаа против Трамп минатата година.

Тој се товари за обид за измама на САД, попречување на потврдувањето на резултатите на изборите во Конгресот и лишување на гласачите од нивното право на фер глас. Трамп верува дека имал целосно право да се меша во резултатите од изборите во 2020 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…

Република Српска не го прифаќа британскиот план…

Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ, изјави…

Нетанјаху не ја исклучува опцијата за атентат…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за…

„Нано-игла“ илјада пати потенка од човечко влакно…

Истражувачите од Кралскиот колеџ (King's college) во…

Карлсон: Војната со Иран би значела крај…

Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…