Објавено на:

Трамп ќе ја охрабри Русија да ги нападне „деликвентите“ од НАТО што не плаќаат сметки

t

Поранешниот претседател Доналд Трамп не само што нема да ги поддржува партнерите од НАТО при евентуална војна со Русија, туку и ќе ја „охрабри“ Москва да ги нападне „деликвентите“ што не ги задоволуваат своите финансиски обврски во Алијансата.

Говорејќи на предизборен митинг во Јужна Каролина, Трамп изјави дека тоа веќе го кажал на состанок на лидери на НАТО.

– Не плаќате? Вие сте деликвенти? Не, нема да ве заштитувам, всушност ќе ги охрабрам да направат што сакаат. Мора да платите – одговори Трамп на прашањето дали САД би му помогнале на партнер од НАТО што не ги подмирува обврските, ако биде нападнат од Русија.

Белата куќа го оцени коментарот на Трамп како „згрозувачки“.

– Поранешен претседател охрабрува инвазија од убиствени режими врз нашите најблиски сојузници. Ваквите изјави ја загрозуваат националната безбедност на САД, глобалната стабилност и нашата домашна економија – изјави портпатол на Белата куќа.

САД досега издвоија повеќе од 44 милијарди долари за воена и друга поддршка на Украина откако таа земја пред две години беше нападната од Русија. Републиканците во Конгресот се’ уште не го одобриле новиот пакет воена помош за Киев во вредност од околу 60 милијарди долари.

Трамп ја поздрави блокадата на средствата, која актуелниот претседател Џо Бајден ја опиша како „катастрофална“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…

Иранската влада побарала од Русија напредни радари…

Марија Габриел ќе биде втор човек во…

Поранешната еврокомесарка и министерка за надворешни работи…

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…

Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…

Министерот за надворешни работи и надворешни економски…