Објавено на:

Трамп Џуниор ќе го посети Гренланд по изјавите на татко му дека островот треба да биде дел од САД

t

Доналд Трамп Џуниор планира да го посети Гренланд, за кој неговиот татко кажа дека би требало да биде ставен под контрола на САД. Синот на новоизбраниот американски претседател ќе снима материјал за подкаст на својата еднодневна приватна посета.

Доналд Трамп минатиот месец повторно почна да збори за ставањето на автономната данска територија под американска власт, велејќи дека тоа е неопходно за националната безбедност на САД. За време на првиот мандат, тој пројави интерес за купување на Гренланд, што и тогаш и сега беше отфрлено од лидерите на островот.

„Не сме и нема да бидеме на продажба“, кажа премиерот Муте Егеде во декември.

Доналд Трамп изјави дека неговиот син ќе патува со неколкумина претставници на Гренланд и притоа „ќе посетат некои од неговите најпрекрасни области“.

„Гренланд и неговиот народ ќе имаат големи придобивки ако станат дел од нашата нација. Ќе го негуваме и штитиме од злобниот надворешен свет. Да го направиме Гренланд повторно голем“, кажа Трамп.

Во исто време, данскиот крал Фредерик го промени кралскиот грб и во него ги вклучи Гренланд и Фарските Острови, што се смета за одговор на Трамп. Данска и натаму ја контролира надворешната и безбедносната политика на Гренланд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп Џуниор ќе го посети Гренланд по…

Доналд Трамп Џуниор планира да го посети…

Индонезија стана членка на БРИКС

Индонезија се приклучи на групата БРИКС големите…

Девојки од Франција, Србија, Украина, Колумбија и…

Ноќеска, полициски службеници од СВР-Тетово извршиле акциска…

Маск го „иритира“ Трамп

Наводно, Доналд Трамп не е воодушевен од…

Српските специјалци ликвидираа маж кој уби едно…

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ…