„Транспаренси интернешнл-Македонија“: Најматен настан за мај е притворот за врховниот судија Наке Ѓоргиев поради земање мито

t

Како дел од проектот „Бистро-матно“ за редовни месечни и годишни анкети за корупција, „Транспаренси интернешнл-Македонија“, ги објави настаните кои беа актуелни во мај.

Како дел од „матните“ настани во месец мај предничи истрагата за примање поткуп на врховниот судија Наке Ѓоргиев и членот на Советот на обвинители Иџет Мемети.

Наке Ѓоргиев беше уапсен поради наводно примање поткуп од 10.000 евра, односно за делото примање награда за противзаконито влијание. Сомнежите се дека Иџет Мемети заедно со Наке Горгиев имал влијание злоупотребувајќи ја позицијата член на Советот на јавни обвинители во случајот барање на мито за олеснителни околности за ексградоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев, познат како „Боро Марлборо“.

Како втор најматен настан за мај е покрената иницијатива на ДКСК за утврдување одговорност за директорката и Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.

„Антикорупциската комисија информираше дека покренува иницијатива до сите надлежни институции за утврдување на одговорност за директорката и Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители поради прекршување на Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси, како и на Изборниот законик. Надлежните институции имаат рок од 60 дена да ја разгледаат и да постапат по оваа иницијатива“.

Како трет „матен“ настан за мај е и обвинението на 12 лица, меѓу кои и актуелниот директор на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Наумче Мојсовски, поранешниот директор на АМС, Дарко Каевски и директорот на Македонски олимписки комитет, Дарко Димевски поради злоупотреба на спортскиот ваучер.

„Обвинителниот предлог е по иницијатива на Антикорупциската комисија која лани во февруари соопшти дека постојат сомневања дека директорот на Агенцијата за млади и спорт и членовите на Централната комисија за доделување на ваучерите во 2020, 2021 и 2022 година ја искористиле службената положба и спротивно на законите извршиле распределба на средства, со што го оштетиле буџетот на државата, но и лицата што имале законско право на вакви средства, а не им биле доделени. Случај „Спортски ваучери“ – Мојсоски, Каевски и Димевски ќе се јавуваат во суд, но ќе ги задржат пасошите – Делумни мерки на претпазливост добија актуелниот и претходниот директор на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски и Дарко Каевски, како и првиот човек на Македонскиот олимписки комитет Даниел Димевски и уште 9 лица кои се обвинети за злоупотреби со доделувањето на спортските ваучери. Кривичниот суд им наложи на сите 12 обвинети еднаш неделно да се јавуваат кај определено службено лице во судот“.

Исто така како дел од матните настани е и извештајот на Советот на Европа во кој се потенцира лошиот третман кон затворениците и корупцијата во македонските затворти.

„Во казнено-поправните установи во Македонија се направени подобрувања во однос на хигиената и состојбата во ќелиите, но и натаму е непроменет третманот кон лицата лишени од слобода од страна на полицијата и присутна е корупцијата меѓу затворскиот персонал, се посочува во најновиот Извештај на Европскиот комитет за спречување на тортура и нехумано или понижувачко постапување или казнување при Советот на Европа. Условите, како што се наведува во извештајот, се влошуваат и поради широко распространетата корупција и фаворизирање на одредени затвореници од страна на персоналот со што се поткопува правилното функционирање на установата“.

Во делот на бистрите настани за мај е наведена кривична пријава против поранешен директор на ПИОМ кој го злоупотребил државниот буџет, поведената постапка за двајца полицајци кои барале мито и кривичната пријава за директорка на училиште во Делчево која без да спроведе транспарентна постапка за набавка на стоки и услуги, извршила набавка од повеќе правни лица во вкупна вредност од 905.482 денари, а со Законот за јавни набавки е предвидено дека износот на извршени набавки без спроведена јавна набавка во текот на годината не смее да го надмине износот од 12.000 евра во денарска противвредност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО: Прво барал рушвет, па сега…

Новиот в.д директор на КПУ затвор Струмица,…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…