“Траорен” говор на Ахмети: ДУИ е крвта на затворените, мртвите Албанци, тоа е дело на интелектуалците…

t

Синоќа претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, имаше средби со граѓаните. Меѓу присутните беа и потпретседателот на Владата Артан Груби, генералниот секретар на ДУИ Фатон Ахмети, пратеникот Бедри Фазлиу и претседателот на огранокот на ДУИ во Желино, Емир Сулејмани. Ахмети пред присутните, ДУИ ја претстави како „крвта на затворените, мртвите Албанци“.

„Ајде вечерва да разговараме и да видиме што сме направиле, што сè уште не сме направиле и што треба да направиме. Вечерва сме тука по речиси тринеделни средби. Ајде да докажеме дека стоиме зад мирот и младите, нема да го напуштам бродот без да ја ставам ДУИ на реформскиот пат. Јас сум за младината, да ја поддржиме и да останеме силни затоа што само со поддршка од заслужените луѓе може да ги водиме процесите напред. Помина времето на квантитетот, денес ни треба квалитет. Денеска треба да видиме како треба да постапиме, бидејќи Европа не не прифаќа без стандарди. ДУИ е добро организирана и етаблирана партија, така што оваа партија е наше национално богатство. ДУИ е крвта на затворените, мртвите Албанци, тоа е дело на интелектуалците, затоа сите идеалисти и мисионери застанаа покрај нас, инвестираа и инвестираат, а секако да не ја заборавиме и жртвата на нашиот народ. Посветени сме на мирот, стабилноста, развиената економија, борбата против криминалот и корупцијата како и ефикасната администрација. Албанците денес се одлучувачки фактор во државата. Бујар не претставува во ОБСЕ, Фатмир не прави горди со Светска банка, Насер, Крешник и Артан… колку повеќе инсталираме вредности, толку повеќе непријатели се создаваат“, рече Ахмети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ бара сеопфатен ветинг на сите јавни…

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска имаше…

ДУИ му одговори на Мицкоски: Ние сме…

„ДУИ како државотворна партија е гарант за…

ДУИ за кривичната пријава против Бектеши: Го…

Откако поранешниот министер за економија Крешник Бектеши…

ДУИ предупредува: Се руши демократскиот поредок на…

По сериозните закани и насилни пораки упатени…