Објавено на:

Траорна изјава на роднина на рането девојче од Милановац: Ѝ ја ампутираа раката, не знам како ќе преживеам

t

Урош Блажиќ синоќа уби осум лица, а рани 13, по што побегна.

Роднината на тешко повредената девојка за „Блиц“ откри во каква состојба е Н.В.

– Ја застрела во рацете и нозете. И ја ампутирале раката. Ги познавав сите, пораснав со нив – низ солзи рекла таа.

Таа наведува дека е во шок поради се што се случило, дека не го познава Урош и дека тешко ќе се соземат од оваа трагедија.

Инаку, Урош го започна својот крвав пир на едно место кога излегол од автомобилот и испукал истрели околу група луѓе кои седеле околу логорски оган на излет.

Потоа продолжил со пукањето и стигнал до позиција на неколку километри и излегол од автомобилот и застрелал четири лица кои ја поправале капијата во дворот.

Потоа се вратил во автомобилот и се упатил кон центарот на селото Дубона и повторно пукал, каде што убил две лица, еден полицаец кој не бил на должност и неговата сестра. Убиецот потоа побегнал и по него трагале 600 припадници на МВР.

Масовниот убиец е уапсен по осумчасовна потрага во Крагуевац.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Масакр во џамија во Саудиска Арабија, над…

Најмалку 31 лице загина при воздушен напад…

МАСАKAP ВО БиХ: Влегол во училиште и…

Страшно злосторство се случило во Гимназијата во…

Масакар во старечки дом во Хрватска: Шест…

Крешимир Пахоки (51), пензиониран воен полицаец од…

Косовски Албанец осуден на 15 години затвор…

Основниот суд во Приштина го прогласи косовскиот…

Ново судење против родителите на монструмот Кецмановиќ…

Во Вишиот суд во Белград денеска треба…