Траорно: 16 бебиња кои останаа без родители во земјотресите беа пренесени во Анкара со претседателскиот авион на Ердоган

t

16 бебиња, од кои две беа извлечени од урнати згради по земјотресите во Турција, се качени во претседателскиот авион на Ердоган во градот Кахраманмарас и ќе бидат пренесени во Анкара.

Бебињата со амбулантни возила биле однесени на аеродромот, каде што им биле предадени на социјалните работници кои ќе се грижат за нив, пренесе Ројтерс.

На видеото објавено од турското претседателство се гледа како луѓето се грижат за малите деца. Ги чуваат и ги хранат бебињата во авионот.

Турскиот претседател Реџеп Ердоган, кој прогласи вонредна состојба во 10 провинции и испрати војници да помогнат, го посети Кахраманмарас. Тој коментира дека по силните земјотреси имало проблеми со патиштата и аеродромите, но денеска состојбата е „подобра“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Турската полиција употреби водени топови против студентите…

Студентите утрово се собраа во близина на…

Добра вест од Анкара – Пет од…

Добрата вест денеска стигна од Турција, од…

Илјадници луѓе протестираа во Анкара – бараат…

Илјадници луѓе протестираа денеска во турската престолнина…

Каранфилова Пановска: Во изминатите 6 месеци имаме…

Во изманатите шест месеци од владеењето на…

Ердоган: Веруваме дека сириската влада ќе преземе…

Ердоган телефонски разговараше со претседавачот на Суверениот…