Објавено на:

Трас децидна: Русите мора да ја напуштат Украина, не само сега окупираните територии туку и Крим

t

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас изјави дека руските сили мора да бидат истиснати од „цела Украина“, што претставува најјасна изјава досега за воените цели на Британија, пренесува Би-Би-Си.

Западните сили се насочуваат кон тоа како би можела да заврши војната во Украина и што сакаат надвор од прекинот на непријателствата.

Тоа е досега најјасната изјава за воените цели на Британија и имплицира дека руските сили мора да ја напуштат не само територијата окупирана во последните недели, туку и оние области нападнати пред осум години, како што е Крим.

Можеби не сите западни сили имаат таква амбициозна цел.

Британската министерка, исто така, јасно стави до знаење дека Западот треба да стори повеќе за да ја одврати идната руска агресија, со тоа што ќе троши повеќе на одбраната и ќе го искористи своето економско влијание за да ја исклучи Русија од западните пазари.

Таа рече дека Западот треба да ги зајакне одбранбените капацитети не само на Украина, туку и на другите загрозени земји, како Молдавија и Грузија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија осуди фотограф на 16 години затвор…

Руски суд во четврток соопшти дека го…

Зеленски: Потребен е силен 18-ти пакет санкции…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави…

Унгарија блокираше отворање на преговорите за пристапување…

Унгарија ја блокираше одлуката на самитот на…

Рускиот министер за финансии: Во Русија нема…

Во Русија нема рецесија, во тек е…

Ердоган: Трамп е подготвен да се приклучи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…