Трајановски: Луѓето се во агонија, ВМРО-ДПМНЕ не кажува дали ќе гласа за уставни измени и се обидува да го сврти гневот кон Арсовска!

t

Во денешното гостување во ТВ 21, заменик-градоначалникот на Град Скопје, Александар Трајановски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ наместо да се произнесе дали ќе гласаат за уставни измени, тие го вртат гневот кон градоначалинчката Арсовска.

– Кога Град Скопје и ЈСП отидоа да протестираат пред Владата заради неисплатените средства вие одлучиувте да иницирате протест од синдикатите во ЈСП.

Платата доцнеше цели три дена, порано доцнеле месеци. Повикувате медиумски работници што исто така немаат земено плата три месеци, а ги повикувате да пренесат дека во ЈСП.

Се знае кој ги иницира протестите и кој дефокусира. На врата ни доаѓаат уставни измени кои секојдневно луѓето се во агонија и не знаат како ќе се произведете, а вие го вртите вниманието и гневот кон градоначалничката Арсовска.

Каква критика упативте кон Владата еве кажете ми? – рече Трајановски.

– Штајнмајер дојде да разговара за уставни измени, приватните превозници ги тргнаа тој ден автобусите и утрото пак ги вратија. И велите дека тука нема комуникација со Ковачевски? Мислам дека и граѓаните видоа дека има полтичка позадина и комуникација, истакна Трајановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…

„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…