Трајановски: Ја фрливте Втора македонска бригада на периферијата! Шилегов го товари фондот со 500 имиња, а направи 47 улици
Шилегов го товари фондот со 500 имиња на улици, а направи 47, истакна на денешната седница на Советот на Град Скопје, заменик-градоначалникот Александар Трајановски.
– Морам да реплицирам во интерес на јавноста, спомнавте за поништување на вкупна бројка од 500 улици, тоа не е точно. Пробувате да го прескокнете делот како ги ротирате улиците, по политчка основа, неколку месеци пред попис да го наполните фондот со имиња од кои немаше да имате ништо освен некој политички поен кај одредени етникуми.
Тоа на изборите ви се удри од глава и се покажа дека не е така, ова беше тешка финансиска импликација по џебовите на граѓаните и правните лица, технички неспроведлива во Централниот регистар, таму имаше и притисок врз човекот кој раководеше со институцијата, ваш помал коалиционен партнер, оти не сакаше да ги спроведе вашите одлуки.
Ја фрливте Втора Македонска Бригада негде во периферијата, затоа ние се соочуваме со петиции и дописи од граѓани, нумерирани броеви, кои не се согласни со промената на имињата на улците. Кога повторно од оваа говорница ќе излезете да кажете дека имало јавни анкети и дека сте ги прашале граѓаните, овие претставки ве негираат, да биле тие информирани ќе биле против преименување на нивната улица.
Јас гласав против таа улица да се вика Адем Демачи, исто го ставивте и името на Столтенберг, за улица на која додека се правиме големи “натовци” си ги кршиме колите.
Јас ќе ви кажам дека претходниот градоначалник го товари фондот за имиња на улици со 500 имиња, а реконструираше 47 улици, за разлика од овој градоначалник која реконструираше повеќе од 120 улици и не се задираме толку со имињата на граѓаните, туку со интересот на граѓаните, истакна Трајановски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…
„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…
Конгоанските мигранти ја напуштија зградата на поранешната…
Десетиците мигранти по потекло од Конго кои…
Емотивна македонска поезија за војната
Профилот „Македонска поезија“ на социјалните мрежи со…