Трајанов бара одговорност за Ковачевски, Маричиќ, Османи: Требаше навреме да реагираат и да ја информираат јавноста
Јас подолго време предупредував доколку доживееме дебакл во овие разговори дека ќе барам одговорност прво до министерот за надврошени работи, понатаму министерот за европски прашања, се разбира и од претседателот на Владата, ако тој е изворно информиран и ако давал согласност на сите тие работи во текот на разговорите, изјави Павле Трајанов пратеник во Собранието од редовите на Демократски Сојуз.
Дополнително, тој посочи дека премиерот е контрадикторен во своите изјави бидејќи, според инфорациите кои ги поседува Трајанов, министрите Османи и Маричиќ работеле на усогласувањето на францускиот предлог помеѓу македонската и бугарската страна по насоки на државниот врв односно премиерот Ковачевски и претседателот Пендаровски, за потоа премиерот да изјавува дека нема видено никаков предлог.
-Како може да не бидат запознаени со предлогот на Франција кога претставникот на Франција кажа дека предлогот е резултат на консултации со двете страни Скопје-Софија, понатаму како може да не бидат запознаени кога директно учествуваа во формулациите на протоколот за имплентација на догворот во преговарачката рамка. Тоа е крајно неодговорно и крајно несериозно да се пласира такво сценарио во јавноста дека некој друг ова го смислил. Одоговорноста паѓа на сите оние кои директно беа вклучени во преговорите. Цело време тврдеа дека не разговараат за јазик, за идентитетот дека ова се црвените линии, а испадна дека сето тоа вградено односно бугарските барања се вградени во преговарачката рамка. Требаше на време да реагираат и што е најважно требаше да ја информираат јавноста, граѓаните и мора да ја информираат опозиција, рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Утре е Петровден, задутре Павловден, се верува…
Утре, 12-ти јули е Петровден, а на…
Вака се стабилизира Влада: Претседателот на огранокот…
Струмичкиот бизнисмен Столе Лазаров, сопственик на неколку…
Трајанов пак ја тpece Владата на Ковачевски:…
Помалите парламентарни партии кои се дел од…
Павле Трајанов повторно го тpece мнозинството: Од…
Заедно со другите помали партии одамна бараме…