Трајанов вели во Собранието “кружи” алкохол: Тоа допринесува за ваква атмосфера

t

Долгогодишниот пратеник и поранешен министер Павле Трајанов во изјава за „Слободен печат“ коментирајќи го немилиот настан во Собранието вели дека во највисокиот законодавен дом кружи многу алкохол и тоа меѓудругото има влијание кон вкупната атмосфера и однесување на дел од пратениците.

– Мислам дека во целина имаме ниска култура на однесување. Сведоци сме на меѓусебни навредби девалвирања меѓу опозицијата и позицијата. Се користат сите инструменти за дискриминацијта од едните кон другте. Недостасува нивото на комуникацијата и тоа по некоја линија создава меѓусебна недоверба која неретко резултира со вербални навреди, недолични коментари па дури по некогаш и физички пресметки. Достапноста на алкохолот во Собранието е причина плус за ваквата атмосфера – посочува Трајанов.

Лидерот на Демократскиот Сојуз Трајанов додава дека ниту Уставот ниту законите во земјава имаат можност да ги санкционираат ваквите испади на пратениците. Тоа според него промовира неказнивост и лоша слика кај граѓаните.

– Пратениците се со траен мандат ниту уставна ниту законска можност имате да го разрешите. Од таму нема сила во државата што може да ги казни. Одговроноста за жал е во партијата. Единствена сила што може да го повлече пратеникот е добрата воља на лидерот на партијата што е за неверување а таквиот систем ја прави државата партизирана и не функционална – објаснува Трајанов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Утре е Петровден, задутре Павловден, се верува…

Утре, 12-ти јули е Петровден, а на…

Вака се стабилизира Влада: Претседателот на огранокот…

Струмичкиот бизнисмен Столе Лазаров, сопственик на неколку…

Трајанов пак ја тpece Владата на Ковачевски:…

Помалите парламентарни партии кои се дел од…

Павле Трајанов повторно го тpece мнозинството: Од…

Заедно со другите помали партии одамна бараме…