Трајанов нема коментар, Морачанин лично не е против уставни измени, ЛДП останува на ставот – реакции на партиите за Протоколот
Помалите политички партии, коалициоани партнери во Владата го кажаа нивниот став во врска со потпишаниот протокол од страна на министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска.
Павле Трајанов од Демократски сојуз, кој не ги поддржа владејачки заклучоци, денеска е без коментар по потпишаниот протокол.
Маја Морачанин од ДОМ останува со резерви, иако лично не е против уставни измени во кои ќе се внесе бугарската заедница во Преамбулата.
Од ЛДП пак, велат дека остануваат на заклучоците кои Централниот одбор на партијата – да даде поддршка на евроинтеграциите, но со утврдените црвени линии: македонски јазик без никакви додавки или објаснувања и заштитени историски и културни особености на македонскиот народ.
„Протоколот се уште не е официјално разгледан од партиските тела, но првиот впечаток е дека во него нема некои императивни (обврзувачки) норми за државата. Сепак, ќе ја следиме неговата имплемнатација, и согласно утврдените црвени линии, доколку увидиме прекршување соодветно ќе реагираме“, велат од партијата на Милевски чии пратеници гласаа за заклучоците за преговарачката рамка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарски Фактор: Шефот на Агенцијата за национална…
Директорот на Агенцијата за национална безбедност (НСА)…
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…
Израел ќе реализира летови за репатријација на…
Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…
Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…
„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…
Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…
Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…