Трајанов пак ја тpece Владата на Ковачевски: До сабота помалите партии ќе излеземе со усогласен став дали ќе ја поддржиме владата

Помалите парламентарни партии кои се дел од владината коалиција допрва ќе одлучат дали ќе гласаат за новата влада на мандатарот Димитар Ковачевски, откако во програмата на владата изостана нивното главно барање за промена на Изборниот законик во делот на изборниот модел.
Во владината програма само во една реченица се споменуваат измени на Изборниот законик, но не е стриктно наведено дали ќе има промена на изборниот модел.
„Владата останува посветена на процесот за реформа на изборното законодавство, при што ќе бидат вградени и препораките на ОБСЕ, ОДИХР, невладините организации, а со цел да се обезбедат услови за фер и демократски избори и рамноправни услови за политички натпревар“, пишува во програмата на владата.
-Со другите помали парламентарни партии денеска ќе ја анализираме програмата на владата и ќе видиме каква стратегија ќе заземеме. Ќе испратиме писмо и до претседателот на Собранието да ја свика седницата за измени на Изборниот законик. Да се отвори и јавна расправа. Нашето барање е јасно да има една изборна единица, пропорционален изборен модел и без изборен праг. За изборниот праг може да разговараме. Ќе видиме кои од програмските приоритети на помалите партии се вградени во владината програма и тоа може ќе влијае на одлуката за гласање на владата. До сабота, кога е седницата, ќе имаме заеднички, усогласен став – вели за Слободен печат претседателот на Демократски Сојуз Павле Трајанов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во време на тага и болка, граѓаните…
„Во време кога цела држава жали за…
Во денови на жалост Владата троши 400…
22 милиони 857 илјади и 961 денари…
(Видео) ЗАРАДИ ОВА ИМАШЕ ЗАБРАНА ЗА ДРОН?!…
Радио МОФ објави снимка на која се…
Нема веќе молк, нема повеќе страв –…
Нема веќе молк, нема повеќе страв -…
(Во живо) „Цела Влада оставка!“ – Младите…
Со 20-минутен молк продолжува протестниот марш, граѓаните,…