Трајанов повтори: Ако нема една изборна единица ќе гласаме за предвремени избори
Пратеникот и лидер на Демократски сојуз, Павле Трајанов информира дека тешко оди процесот за една изборна единица.
-Не е проблем ние во овие услови, кога имаме енергетска криза, кога има последици од пандемијата, рефлексии на војната во Украина. Ние не сме до толку непринципиелни или да не водиме сметка за нашите национални државни интереси за да бараме сега Владата да ја срушиме. Меѓутоа, јасен е ставот, ако се блокира процесот, јас самиот не можам да ја бутнам Владата или да предизвикам парламентарни избори, но има пратеници кои можеме и ако се блокира повторно процесот, тогаш ќе гласаме за предвремени парламентарни избори. Тоа е нашиот став, ќе одиме на избори, но повторно ќе биде на наша штета, затоа што нема да има една изборна единица, вели Трајанов во емисијата „Клик плус“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Утре е Петровден, задутре Павловден, се верува…
Утре, 12-ти јули е Петровден, а на…
Вака се стабилизира Влада: Претседателот на огранокот…
Струмичкиот бизнисмен Столе Лазаров, сопственик на неколку…
Трајанов пак ја тpece Владата на Ковачевски:…
Помалите парламентарни партии кои се дел од…
Павле Трајанов повторно го тpece мнозинството: Од…
Заедно со другите помали партии одамна бараме…