Трајковски: Баш би сакал Италија пак да нѐ потцени – како пред Палермо!
Македонската фудбалска репрезентација в сабота ќе ја пречека Италија на арената „Тодор Проески“ во меч од квалификациите за ЕП 2024, кој предизвикува голем интерес во јавноста, делумно и поради историската победа на жолто-црвените лани во Палермо во баражот за пласман на СП 2022.
Херој на таа средба беше Александар Трајковски, кој го постигна победничкиот гол во историската победа, која, за жал, не ни обезбеди мундијалска виза бидејќи потоа загубивме од Португалија во финалето од баражот.
„Секој натпревар е важен за нас, а мечот со Италија е еден од потешките. Знаеме против кого играме и доволно сме мотивирани. Покажавме дека можеме, зошто тоа сега да не го направиме и на домашен терен. Треба да бидеме максимално фокусирани и со поддршка од навивачите да се обидеме да дојдеме до позитивен резултат. Италијанците на некој начин ќе сакаат да се реваншираат за поразот од Палермо, би сакал пак да нѐ потценат, но знам дека овој пат нема да биде исто“, изјави Трајковски, кој вчера го прослави 31. роденден.
Македонија досега одигра три меча во квалификациите за ЕП 2024, во кои оствари една победа и два порази, меѓу кои е и дебаклот на гостувањето кај Англија (0-7).
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ова се најбогатите држави во светот, а…
БДП по глава на жител е груба…
Жена од Липково ја удрило струја додека…
Жена од Липково ја удрило струја додека…
Родителите од Кочани официјално побараа средба со…
Семејствата и родителите на починатите во пожарот…
Пакистан ги затвори сите гранични премини со…
Пакистан ги затвори сите гранични премини со…
Евростат со поразителни податоци за Македонија: Втора…
Согласно најновите податоци на Европската агенција за…