Трајковски: Повеќе ништо не може да се стори за оваа несреќна и упропастена земја

t

За просечен жител на Македонија, кој живее во некаква планинска забит, кој се мачи да преживее собирајќи во шумата гранки за огрев и носејќи ги на магарето до својата трошна куќичка, Владата знае сé најдобро и се грижи за нив. Таа ноќе не спие бидејќи постојано работи, таа е патриотска бидејќи ќе го врати името, додека сите други се предавници кои и мислат лошо на Македонија.

Бадијала е на такви луѓе да им се објаснува, ниту пропагандната машинерија дозволува да им се објасни, дека проектот за брзата пруга е губитен и дека на секое семејство ќе му натовари по 500.000 денари нов јавен долг, што нема да може никогаш да го отплати. Ним не им значи ништо некаква нето сегашна вредност на проектот, индекс на профитабилност, внатрешна стапка на принос, барана стапка на поврат на инвестицијата, приходи, трошоци, загуби, каматни стапки, стапка на инфлација, БДП, Кејнзов мултипликатор, Европска Инвестициска Банка, грантови, јавен долг…

Надевајќи се на враќање на името, а да бидеме реални и поради неспособноста и криминалите на претходната власт, на избори ни натоварија на вратот неписмени (иако носат костуми), недомаќини и расипници кои со неконтролирано и непродуктивно трошење и задолжување ќе ја доведат Македонија до питачки стап. Од нив тешко ќе се ослободиме, а не можат ни да се најдат подобри. Повеќе ништо не може да се стори за оваа несреќна и упропастена земја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трајковски: Повеќе ништо не може да се…

За просечен жител на Македонија, кој живее…

ВМРО-вците од Вевчани во шок: Во Здравствениот…

ШОК во ЈЗУ Здравствен Дом "Д-р Светозар…

Исповед на вработен во РЕК: Ме бркаа…

ИСПОВЕД НА ВРАБОТЕН ВО РЕК: Пред десетина…

(Видео) Храбриот Марко заѕвони на победничкото ѕвонче…

Уште една убава и емотивна вест одекна…

Шефот на рускиот „Роснефт“ вели дека ОПЕК+…

Групата ОПЕК+, составена од водечки светски производители…