ТРГНАЛ ЗА АМЕРИКА СО КУФЕР ПОЛН СО МОНЕТИ: На скопскиот аеродром запленети монети вредни 2,3 милиони денари
Царината запленила стари монети во вредност од околу 2.350.000 денари на Меѓународниот Аеродром во Скопје.
Како што соопштија од Царинската управа, на 22.07.2023 година, околу 17 часот на Меѓународниот Аеродром во Скопје на излез од државата, царинските службеници селектирале за контрола багаж на патник – македонски државјанин кој патувал за САД.
Во багажот на патникот се забележани сомнителни предмети и при извршениот детален преглед, помеѓу личните работи на патникот пронајдени се стари монети со различно потекло и старост, со проценета нумизматичка вредност од 2.359.000 денари.
Монетите се привремено задржани, а против лицето е поведена прекршочна постапка во надлежното јавно обвинителство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судот одреди парична казна од 10 илјади…
Судот во Струга го прогласи за виновен…
Вредноста на синдикалната минимална кошница за два…
Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во…
Ова не е Израел, ниту Иран, ова…
Општинската организација на СДСМ во Конче реагира…
ОЈО потврди: Уапсено е лицето од Народна…
Уапсен вработениот во Народна Банка за кого…
Тројца лишени од слобода за разбојништво во…
На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…