Тргна авионот од Софија? Физички нападнат копретседателот на бугарскиот клуб “Шемето”, Бекир Кадриески

t

Копретседателот на здружението на Бугарите во Република Македонија „Шемето“ Бекир Кадриески бил претепан од непознато лице во градот Струга. Ова се случило денеска во Струга, потврди за бугарската НОВА самиот Кадриески.

Тој рече дека бил соборен на земја и клоцан. Бил удрен со раце. Кадриески за НОВА објасни дека при тепањето бил навредуван на етничка основа со зборовите „валкан Бугарин“.

Кадриески е државјанин на Република Македонија. Тој нема бугарски пасош, но изјавува дека има бугарски идентитет, слично како и претходниот случај со Христијан Пендиков.

Од МВР за Инфомакс го потврдуваат настанот:

На 13.06.2023 година во 12.15 часот, во ОВР Струга пријавено е дека, во близина на спортска сала лоцирана на улицата „Боро Хаџиески“ во Струга, А.Н. од струшкото село Велешта го нарушил јавниот ред и мир со физички напад врз Б.К.од селото Лабуништа.Се преземаат мерки за расчистување на настанот по што, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И клубот на Даку разочаран од неговото…

Главна тема во регионот од вчера е…

(Видео) Тешка несреќа во ноќен клуб во…

Четири лица се тешко повредени, а три…

Петмина Бугари обвинети во Британија за шпионажа…

Петмина Бугари се обвинети во Велика Британија…

Тргна авионот од Софија? Физички нападнат копретседателот…

Копретседателот на здружението на Бугарите во Република…