Трговската размена со Германија лани се намалила за шест отсто, со Велика Британија „скокнала“ за 18,9 отсто
Трговската размена со Германија лани се намалила за шест отсто, а во истиот период со Велика Британија трговијата значително се зголемила – за 18,9 отсто, покажуваат податоците за надворешно трговската размена на Државниот завод за статистика објавени денес. Лани вкупниот обем на трговска размена со светот достигна 19,5 милијарди евра, што е за 3,77 отсто повеќе во однос на претходната 2024 година. Трговскиот дефицит изнесуваше 3,5 милијарди евра, што значи дека Македонија во текот на минатата година узвезла за толку повеќе производи отколку што изнесувала вредноста на извозот.

Како што соопшти Државниот завод за статистика, извозот на стоки лани достигнал 8 милијарди евра и бележи пораст од 2,9 отсто во однос на истиот период 2024, а увозот 11,5 милијарди евра или 4,4 проценти повеќе.
Главни трговски партнери и натаму се Германија, со обем на трговската размена од 4 милијарди евра, потоа Велика Британија со 1,5 милијарди евра, Кина е на трето место со 1,3 милијарди евра, потоа Србија со 1,2 милијарди евра, Грција со 1,19 милијарди евра и тн.
И покрај помалиот обем на размена лани, со Германија и натаму Македонија е во плус, односно извезува многу повеќе отколку што увезува од таму. Така, лани од Македонија во Германија биле извезени стоки во вредност од 2,89 милијарди евра, а биле увезени за 1,14 милијарди евра што значи дека суфицитот во размената е околу 1,7 милијарди евра. Суфицит во размената имало и со Унгарија (извозот вредел 363 милиони евра, а увозот 213 милиони евра.
За жал, со другите наши главни надворешно трговски партнери, и натаму бележиме дефицит во размената: во Велика Буританија сме извезле стоки за 115 милиони евра, а од таму сме увезле за 1,45 милијарди евра. Со Кина, вредноста на извозот била 54,4 милиони евра, а на увозот 1,26 милијарди евра и тн.
Во периодот јануари – декември 2025 година, според вкупниот обем на размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 47,8 отсто во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 58,9 проценти во вкупната размена.
Трговската размена по производи, според Стандардната меѓународна трговска класификација, покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот се најзастапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за пренос на лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трговската размена со Германија лани се намалила…
Трговската размена со Германија лани се намалила…
ЛЕГЕНДА НА МАКЕДОНСКИОТ РАКОМЕТ ВО ЦЕНТАР НА…
Kristal Четири лица, меѓу кои двајца активни…
Од што живее Максим Димитриевски, ако не…
„Јас од плата не живеам“. Ова го…
Тренчевска: Решението на СДСМ значи поддршка на…
СДСМ понуди јасно, конкретно и реално остварливо…
Во Нови Сад отворен амфитеатар кој го…
Денеска свечено е отворен амфитеатарот во институтот…