Требаше да тепаат градоначалник за да им текне: МВР „проверува“ дивоградби во Чаир и Сарај
Запрашан во кои општини се „чешлаат“ дивоградби и дали припадници на МВР влегле во Општина Чаир, министерот за внатрешни работи, Панче тошковски информира дека една од општините во кои што во текот на вчерашниот ден е влезено од страна на Одделот за организиран криминал е и токму општината предводена од градоначалникот Висар Ганиу.
-Една е исто така општина Сарај и полициски службеници од МВР во текот на вчерашниот ден имаат влезено во Општина Аеродром за да обезбедат одредени докази поврзани со бесправна градба. Kолку што имам информации, вчера или денес исто така ќе се влезе и во рамки на Општина Кисела Вода. Засега не би можел да споделам информација во врска со официјални документи. Ова се тековни работи на МВР. Секојдневно се постапува, рече денеска Тошковски.
Доколку се утврди дека постојат дивоградби, министерот рече дека ќе се постапи согласно закон односно ќе бидат предмет на уривање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Требаше да тепаат градоначалник за да им…
Запрашан во кои општини се „чешлаат“ дивоградби…
МВР вработува 150 нови полицајци, кандидатите ќе…
МВР информира дека во тек е огласот…
Шест лица се лишени од слобода за…
На 13.07.2025 Одделот за сузбивање на организиран…
(Фото-галерија) Ова е таа безбедна држава? Запалени…
Едно лице е повредено, а настанал и…
Изминатиот викенд 1711 сообраќајни прекршоци: 828 возеле…
Во деновите од изминатиот викенд (12./13. 07.2025)…