ТРЕБА ДА ЗАДРЖИME МУДРИ МОНЕТАРНИ ПОЛИТИКИ: Ангеловска-Бежоска гледа позитивни сигнали во намалената инфлација
Гувернерката нагласи дека има некои знаци, но додаде дека иднината на инфлаторната динамика во некои земји, каква што е и нашата, сигурно ќе зависи од опстојувањето на мобилните шокови, од ранливоста кон шоковите и значителниот раст на кредитирањето кое ќе ги намали притисоците на среден и долг рок.
Гледаме позитивни сигнали за намалување на инфлацијата, која од октомври лани е во опаѓачки тренд, но сепак мора да ги задржиме мудрите монетарни политики, порача гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска на панелот насловен „Монетарната и фискалната политика во свет со висока инфлација“ во рамките на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“. што денеска и утре се одржува во Скопје, а чиј домаќин е Народната банка.
– Во овој тренд можеме да видиме дека дестабилизацијата и инфлацијата коинцидираа со олеснување на некои влијанија, барем според анкетата на Европската Унија за очекувањата. Гледаме и намален удел на компонентите во ЦПА во високата инфлација од 10 % и повеќе – рече Ангеловска-Бежоска.
Таа нагласи дека има некои знаци, но додаде дека иднината на инфлаторната динамика во некои земји, каква што е и нашата, сигурно ќе зависи од опстојувањето на мобилните шокови, од ранливоста кон шоковите и значителниот раст на кредитирањето кое ќе ги намали притисоците на среден и долг рок.
– Мора да задржиме мудри монетарни политики. Но, имајќи ги предвид комплексните монетарни шокови со кои се соочуваме клучно е дека монетарните политики мора да бидат поддржани со фискални политики за да се спречи зголемување на платите кое не е поврзано со растот на продуктивноста – потенцира Ангеловска-Бежоска.
Со нејзиниот став се согласи и министерот за финансии Фатмир Бесими, кој посочи дека мора да се работи на сите различни гледишта во однос на цените.
– Оваа година имаме малку поразлична проекција во однос на годинашната инфлација, но во однос на политиките се обидуваме да ја задржиме конзистентноста во мерките. Од буџетска гледна точка и од гледна точка на владините политики важно е да се обезбеди финансирање на она што го проектираме и она што денеска несигурноста е сигурност – рече Бесими.
Сите, додаде министерот, се подготвувавме за тешка зима и тоа ни даде простор за воспоставување рамнотежа меѓу монетарните и фискалните политики.
– Сега влегуваме во пролетното време во однос на трошоците и се надевам дека ќе постигнеме рамнотежа, но економската активност останува пониска од тоа што го проектиравме. Се надевам дека во следната година ќе имаме подобри услови и дека ќе ги одржиме нашите начелни проекции – потенцира министерот за финансии.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Луке Галески стана член на Надзорниот одбор…
Луке Галески, дел од Извршниот комитет на…
Израел ја погоди иранската државна телевизија за…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…
Жена со бугарско потекло загина во Израел
Постара Израелка со бугарски корени загина во…
Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…
„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…
Сè уште не почнала евакуацијата на македонските…
Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел…