Треба да им се помогне на трансродовите лица, можеби имаат здравствени проблеми, вели Отец Јаков

t

Вашето субјективно чувство дека сте некој друг пол може да биде и ментално растројство, тоа е индивидуално чувство и можеби е патолошка состојба, вели за Детектор Отец Јаков Епископ Стобиски.

Според него Родовата дисфорија е патолошка состојба, се смета за медицинска состојба, а тоа што некој не го смета за растројство е друг проблем, но факт е дека на овие лица треба да им се помогне.

„Кога психолошкиот аспект ќе има сериозен импакт на објективната реалност, на општествената свест, тоа субјективно чувство може да биде и ментална состојба, ментално растројство. Тоа е индивидуално чувство, тоа е реален свет за личноста што страда тоа е патолошка состојба.

Родовата дисфорија се смета за медицинска состојба, тоа е патолошка состојба. Тоа што некој не ја смета за растројство, тоа е, тоа е сериозна состојба и во која што луѓето страдаат и апсолутно треба даи м се помогне. Јас зборувам против трендот.

До 2007 година родовата дисфорија како дијагноза е исклучитено ретка и се дијагностицирала кај машката популација на 15.000 момчиња само едно момче било дијагностицирано. Од 2007 навака за 4.000% е зголемен тој тренд.

Во било која гранка на медицината, таква експлозија, таква епидемија на трансџендеризам би ги вклучила сите аларми“ – вели Отец Јаков за Детектор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Штабот на Трамп: Бајден да им се…

Предизборниот штаб на поранешниот американски претседател Доналд…

Што е тоа духовник и кој може…

Многумина од оние кои сакаат активно да…