Трендафилов: Имаше притисоци врз вработените да не дојдат на денешниот протест
Претседателот на Сојузот на Синдикати на Македонија во вечерашната Топ Тема зборуваше за притисоците кои вработените ги добивале се со цел да не излезат на денешниот протест за повисоки плати.
„Во текот на вчерашниот ден до нас доаѓаа огромен број на информации за притисоци за вработени кои сака да дојдам на протестот. Можеби ќе беше двојно. Имавме штрајк брејкери помеѓу родовите на синдикатите. Прво тие се највиновни и најмногу ги разочаруваат работниците. Затоа што синдикалци им се закануваат, синдикалци праќаат соопштенија да не се излегува, поточно од нивните членови“, изјави Трендафилов.
Според него огромен број од работниците се охрабриле и покрај притисоците на директорите да дојдат на протест.
„На пример во Македонски пошти имавме притисок. Тоа беше лично кон мене како претседател на ССМ дека ќе ме тужеле, само за да не замолчат и работниците да не излезат на протест. Денеска пристигна информации дека од Тутунски комбинат Прилеп еден од тамошните директори за кој утре точно ќе знаеме име и презиме и ќе го објавиме со слика. Тој се заканувал на вработените во никој случај да не дојдат на протест во Скопје. Истото се случи и со колегите од образование“, објасни Трендафилов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трендафилов: Имаше притисоци врз вработените да не…
Претседателот на Сојузот на Синдикати на Македонија…
Каракамишева стана советник на Мицкоски
Професорката Тања Каракамишева е нов советник на…
Уставни измени нема да има ако не…
Уставни измени нема да има ако не…
Левица: Измените на Кривичниот законик се скандалозни,…
Со донесените измени на членот 353 од…
Филипче најави тужба за Жан: Нема да…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче одговарајќи на…