Трендафилов: Митревски се продава во ВМРО-ДПМНЕ за минималната плата повторно да биде 8050 денари
Живко Митревски е поранешен претседател и ќе остане запаметен како претседател на ССМ кој го потпиша Општиот колективен договор и направи измени за работниците да можат да земат еден денар регрес, беше одговорот на првиот човек на ССМ Слободан Трендафилов на прашање на Локално за нападите и наводите на поранешниот прв човек на ССМ Митревски дека сегашното раководство нема легитимитет, на денешната прес конференција во седиштето на сојузот на синдикати.
„Затоа Живко Митревски е претходен претседател, затоа што потпиша Општ колективен договор и направи измени за работниците да можат да земат еден денар регрес. Сега, истиот тој се продава во ВМРО-ДПМНЕ за минималната плата повторно да биде 8050 денари.“ изјави првиот човек на ССМ.
Тој додаде дека синдикатот не смее да биде подложен на политички влијанија и дека работничките права треба да бидат заштитени од манипулации и притисоци.
„Ако сакаат такви лидери, нека молат и коленичат пред политичките фигури во државата, со единствена цел – владата да ги постави како лидери на Сојузот на синдикати на Македонија. Ќе потсетам дека во работничкиот дом и во ССМ е забрането пушењето“, нагласи Трендафилов, алудирајќи на принципите и правилата што важат во синдикалното движење.
Оваа изјава доаѓа во момент кога ССМ се соочува со нови предизвици и притисоци од страна на владата во однос на покачувањето на минималната плата за 6000 денари, момент кој предизвика сериозна расправа во јавноста и несогласувања помеѓу владејачкото мнозинство и сојузот на синдикати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…