Тренчевска: Благодарност до Шведска за целата поддршка, ососбено на патот кон членство во ЕУ
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска оствари протоколарна средба со новата амбасадорка на Кралството Шведска, Ами Ларсон Јаин. На средбата се разговараше за поддршката што Кралството Шведска и ја дава на Република Македонија со акцент на влезот на државата во Европската Унија.
Теми на разговор, како што соопшти ресорното Министерство, биле и родовата еднаквост и зајакнувањето на капацитетите на жените со цел нивно полесно и поголемо вклучување на пазарот на трудот.
-Ви благодарам за вашата поддршка која што ја покажавте кога се работи за прашањето за влезот на Република Македонија во Европската Унија. Како држава сме спремни да ги преземеме сите чекори за да обезбедиме подобар стандард на живот на нашите граѓани, кој е гарантиран со влезот во ЕУ, рекла Тренчевска.
Амбасадорката посочила дека од особена важност за државата e родовата еднаквост и овозможувањето на сите жени да се вклучат на пазарот на трудот. Таа истакнала дека тоа особено влијае на зајакнувањето на економијата.
-Како Влада се залагаме во зголемување на капацитетите на градинките особено во руралните средини преку Програмата за рамномерен регионален развој и на тој начин директно влијаеме на зголемувањето на можностите на жените за активна вклученост на пазарот на трудот во сите региони од државата. За нас од особена важност е да обезбедиме секоја жена да биде економски и материјално независна, нагласила Тренчевска.
Министерката посочила дека со новите измени на Законот за работни односи ќе има измени во делот на породилното отсуство со што подеднакво ќе се овозможи и на мажите и на жените отсуство од работа со користење на можноста за мајчинско, татковско и родителско отсуство.
Како што соопшти МТСП, присутните ја истакнале важноста од досегашната соработка и посочиле дека таа продолжува поинтензивно во следниот период, особено за време на претседавањето на Република Шведска со Европската Унија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Шведска бара работници, еве од кои професии!
И Шведска бара странски работници, објави schengen.news. Шведска…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…