Тренчевска му кажа на Неделков: Нема целосни плати за штрајкувачите во градинките!

t

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска оствари средба со претседателот на СОНК, Јаким Неделков, на која присуствуваа и претставници на синдикатот и Министерството за труд и социјална политика.

Министерката за труд, Јована Тренчевска рече дека вработените во градинките кои беа дел од штрајкот, нема да земаат целосни плати. Сепак, таа додаде дека се бара начин за исплата на преостанатите средства во наредните месеци.

Претседателот на СOНК, Јаким Неделков, рече дека средбата била плодна и дала позитивни сигнали за решавање на многу прашања поврзани со детската заштита, па дури и со исплата на дневници за штрајкувачите во градинките.

На состанокот беше договорено дека дијалогот продолжува и воедно се договори следна средба на 17. мај, со цел изнаоѓање на решенија во рамки на позитивните законски прописи.

Страните разговараа и за формирање на работна група за нов Колективен договор за предучилишните установи, чија важност истекува со месец јуни. Новиот Колективен договор треба да понуди нови решенија кои ќе значат унапредување на предучилишното згрижување и воспитување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ