Тренчевска: Решението на СДСМ значи поддршка на работниците за 600 евра плата и поддршка на компаниите

t

СДСМ понуди јасно, конкретно и реално остварливо решение за зголемување на минималната плата на 600 евра.

Преку ребаланс на буџетот, само со рационално кратење на трошоците од луксузот на власта може целосно се обезбедат до 200 милиони евра за:

-зголемување на минималната плата на 600 евра за работниците.

-поддршка на компаниите и приватниот сектор преку субвенционирање на придонесите.

ВМРО да не ги плаши приватните компании и работодавачите, изјави во денешната прес-конференција потпаролката на СДСМ, Јована Тренчевска.

Решението на СДСМ значи поддршка на двете страни, и на работниците и на работодавачите односно компаниите во приватниот сектор. Пари во буџетот има, прашањето е на приоритети.

Само за зголемување на минималната плата на 600 евра потребни се околу 7,5 милијарди денари односно 120 милиони евра. Со кратење на 20 до 30% на делот „стоки и услуги“, каде што се, возила, мебел, патувања, репрезентации, договорни услуги, комфор на функционерите, се обезбедуваат 130 милиони евра.

Со кратење на делот „разни трансфери“, од хонорари, времени вработувања се обезбедат дополнителни 75 милиони евра. Значи само со кратење само во овие категории се обезбедуваат од 130 до над 200 милиони евра.

Овие пари се доволно не само за минимална плата од 600 евра, туку и за дополнителна мерка за поддршка на приватниот сектор преку субвенционирање на придонесите. На овој начин компаниите ќе можат да ги зголемат платите без да се загрози нивната ликвидност.

Не може да има пари за луксуз, патувања, партиски тендери и партиски вработувања, а да нема пари за работниците. Не држат изговорите на владата дека ако се покачи минималната плата ќе се загрози економијата или работата на компаниите.

СДСМ во својот мандат ја зголеми минималната плата од 8.000 на 22.000 денари па не се затворија работни места, не се загрози економијата. Напротив, со повеќе пари кај граѓаните и поддршка на компаниите се зголемува потрошувачка и расте домашното производство. Изговори нема. Ако власта сака да им помогне на работниците, може веднаш да предложи ребаланс на Буџетот. СДСМ ќе го поддржи, додава Тренчевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тренчевска: Решението на СДСМ значи поддршка на…

СДСМ понуди јасно, конкретно и реално остварливо…

Филипче за протестите за возачки дозволи: Власта…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор…

Филипче има решение за 600 евра плата:…

Дозволете да се обратам на две теми,…

Филипче: Да го продолжиме аманетот на Делчев,…

Денеска одбележуваме 154 години од раѓањето на…

Молкот на власта за скандалот со 5…

Втор ден по ред власта молчи за…