Трето засилување во еден ден: Поранешен напаѓач на Партизан и Динамо потпиша за Вардар!
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб, екипата на Вардар, попладнево го промовира и третото денешно засилување и тоа босанскиот интернационалец, Горан Закариќ.
Станува збор за 31-годишен фудбалер, игра на позицијата крилен напаѓач, а во кариерата има настапувано за екипите на Динамо Загреб, Партизан, Железничар, Широки Бријег, Зрински, Локомотива Загреб, Универзитатеа Крајова, Борац Бања Лука, Задар, Славен Белупо и Аиоликос.
Има освено две шампионски титули со екипите на Борац БЛ и Зрински, како и два куп-трофеја со Железничар и Партизан. Во сезоните 2017/18 и 2020/21 бил прогласуван за играч на сезоната во БиХ, за чиј националниот тим има вкупно 11 настапи. Вардар претходно денеска ги промовира Сеук Гун Ким од Јужна Кореја и Марио Костов од Брера.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган ги обвини Инстаграм и другите социјални…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги обвини…
25 нови случаи на голема кашлица за…
Во периодот од 26 јули до први…
Русите мислеа дека Украина ќе ја нападне…
Русија се сомневаше дека Украина планира да…
Орбан ги налути: Европа се плаши од…
Група од 67 членови на Европскиот парламент…
(Фото) Многу јако: Цигари, патики, штрафилици –…
За време на продолжениот викенд и во…