Трет ден потрага по малата Данка од Србија, ќе се проверуваат базните станици и мобилните телефони на родителите!
Потрагата по двегодишната Данка Илиќ, откако полицијата го прекина пребарувањето на теренот, влезе во трет ден. Девојчето исчезнало во вторникот околу 13 часот и 45 минути, во населбата Бањско поле кај Бор.
По дводневната потрага по двегодишната Данка Илиќ во населбата Бањско поле кај Бор, полицијата соопшти дека ја прекинува потрагата, бидејќи се укажува дека девојчето не е на тој простор, на површина од 10 квадратни километри.
По девојчето трагаа полицајци, спасувачи и граѓани.
Полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување на сите факти и околности поврзани со исчезнувањето на детето, за што јавноста ќе биде навремено информирана.
Како што јави Танјуг, полицијата ќе ги проверува базните станици и ќе ги прегледа мобилните телефони на родителите, за да потврди со кого биле во контакт во периодот кога девојчето исчезнало.Полицијата ќе ги испрашува и луѓето кои биле во близина непосредно пред или после исчезнувањето, со цел да се утврдат детали кои можеби биле пропуштени во текот на истрагата која е во тек.
Беше забележано и дека во текот на ноќта се појави информација дека е пронајдена Данка Илиќ, која се покажа како неточна.
Во Србија, во вторник, на денот на исчезнувањето на Данка Илиќ, за прв пат е активиран системот „Најди ме“ (Amber Alert), наменет за итно известување на јавноста во случај на исчезнување на малолетно лице.
Како што е наведено на веб-страницата pronadjime.mup.gov.rs, девојката има кафена коса, кафени очи и е висока околу 85 сантиметри. Во моментот на исчезнувањето таа носеше виолетови панталони, маслинесто зелена јакна и косата врзана во опавче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
СДСМ: Расипничка власт, 3 милиони евра за…
Уште една епизода на расипништво, аздисано трошење…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…
Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…
Целта на Пекинг е да ги најави…
Германија бара од Србија да соработува со…
Германската амбасада во Приштина објави дека српските…