Трет ден претседателски избори во Русија: Излезност до 15,45 ─ 70,81 отсто
Во Русија започна третиот и последен ден од претседателските избори. До денеска на гласање излегле повеќе од половина од граѓаните, излезноста на крајот на вториот ден била 58,75 отсто. Ова се првите претседателски избори на кои гласаат и жителите на новите руски региони – Доњецк и Луганска народна република, Запорожје и Херсон.
Првите гласачи излегоа на гласачките места во петокот на Далечниот исток, по што почнаа постепено да се отвораат избирачките места низ целата земја.
Граѓаните избираат меѓу четворица кандидати – покрај актуелниот претседател Владимир Путин, на листата на кандидати се и лидерот на десничарската Либерално-демократска партија (ЛДПР) Леонид Слуцки, лидерот на комунистите Николај Харитонов, како и Владислав Даванков , кој ја претставува либерално-центристичката партија „Нови луѓе“.
Путин, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и патријархот Кирил го искористија своето право на глас на првиот ден од гласањето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се јави Медведев и тоа со закана,…
Русија треба да ја направи својата специјална…
„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…
Иранската влада побарала од Русија напредни радари…
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…
Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…
Министерот за надворешни работи и надворешни економски…