ТРЕТ ДЕН СЕ ТРАГА ПО ВАЊА, ДА ПОМОГНЕМЕ СИТЕ! Информацијата за нејзиното исчезнување се шири и во соседните земји

t

Трет ден ни трага ни глас од 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, која исчезна на 27 ноември. Се трага по девојчето кое тргнало на училиште, но за жал, не стасало таму. Последниот сигнал од нејзиниот телефон е лоциран на булеварот Партизански одреди.

Плусинфо утрово од Министерството за внатрешни работи побара нови детали во врска со исчезнатата Вања, но добивме одговор дека интензивно и непрекинато се работи на случајот.

– Интензивно работме на пронаоѓање на девојчето, по расчистување на случајот ќе ве известиме – нѐ информираше портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Се проверуваат сите блиски и подалечни контакти, како и електронски уреди, за да се добие информација за исчезнатото дете.

Граѓаните веднаш почнаа да се саморганизираат за да ја најдат Вања, а во нејзината потрага се вклучи и Ловечката федерација. Фотографии со нејзините информации се споделуваат масовно на социјалните мрежи Фејсбук и Инстрагам.

За нејзиното исчезнување е напишувано и на повеќето јазици од околните земји, а некои познати лица од регионот веќе ги споделуваат апелите на своите социјални мрежи со надеж за брзо пронаоѓање на Вања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Димитријевиќ: За една година ВМРО-ДПМНЕ ја понижи,…

По една година од Владата на ВМРО-ДПМНЕ,…

Иран: Трамп лаже, штетата врз нашиот главен…

Иран тврди дека нападот на американските сили…

ВРЕДИ: Со законот за правична застапеност ги…

Владиниот коалициски партнер ВРЕДИ соопшти дека на…

Од 1 јули целосно се забранува движењето…

Од 1 јули ќе стапи на сила…

Дел од вработените на Клинички ќе паркираат…

Министерството за здравство во договор со компанијата…