Трет пат одложено судењето за пожарот во модуларната болница
Трет пат е одложено повторното судење за пожарот во модуларната болница во Тетово, по што Апелацискиот суд го врати случајот на повторна расправа во април 2024 година. Рочиштето, што требаше да се одржи денес, беше одложено поради отсуство на судијата, а новиот термин е закажан за 15 јануари 2025 година.
Првичната расправа беше одложена на 26 јуни и 25 септември 2024 година. Апелацискиот суд наложи повторно судење за поранешните директори на болницата, Флорин Бесими и Артан Етеми, како и за ЈЗУ Клиничка болница Тетово. За докторот Бобан Вучевски, жалбата на Обвинителството беше одбиена, а првостепената ослободителна пресуда беше потврдена.
На 5 јуни 2023 година, Основниот суд во Тетово ги осуди Бесими и Етеми на условни казни затвор од по една и пол година, со услов да не направат ново кривично дело во наредните три години. ЈЗУ Клиничка болница беше осудена на парична казна од еден милион денари. Судот ги ослободи Вучевски и болницата од обвиненијата за непостапување по здравствени прописи.
Пожарот во модуларната болница се случи на 8 септември 2021 година, кога загинаа 14 лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трет пат одложено судењето за пожарот во…
Трет пат е одложено повторното судење за…
ВУЧИЌ: Ако 50 отсто од народот се…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во емисијата…
Бендевска: Провокација од бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“…
Избришан од Централен регистер на Македонија, бугарскиот…
Сашо Мијалков и неговиот брат добија признание…
Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, и…
Американско разузнавање: Русија се обидува да ја…
Шефовите на американските разузнавачи предупредуваат дека странските…