Тридневна жалост во Македонска Каменица за Македонците кои загинаа во Италија

t

Советот на општина Македонска Каменица вечерва прогласи тридневна жалост, поради трагичниот настан кој вчера се случи во областа Пиемонт, Италија, каде во сообраќајна несреќа животот го загубија двајца жители од Македонска Каменица.

Одлуката за прогласување на тридневна жалост во Општина Македонска Каменица  беше донесена едногласно на вечерашната итна Седница на Советот на Општина Македонска Каменица.

Оттаму додадоа дека по дополнителни консултации со службите во Општината ќе ја разгледаат можноста за одобрување на финансиски средства за семејствата на загинатите во трагичниот настан.

Во сообраќајната несреќа која синоќа се случи во близина на италијанскиот град Асти, како што претходно потврдија од Министерството за надворешни работи, животот го загубија тројца македонските државјани З.С. – 33 години од Македонска Каменица, А.К. – 31 година од селото Саса, како и В.И. – 30 години од село Пеклани, Виничко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прогласена е петдневна жалост во Иран: Назначен…

Иранскиот лидер и духовен водач, ајатолахот Али…

Конгоанските мигранти ја напуштија зградата на поранешната…

Десетиците мигранти по потекло од Конго кои…

Тридневна жалост во Македонска Каменица за Македонците…

Советот на општина Македонска Каменица вечерва прогласи…

Емотивна македонска поезија за војната

Профилот „Македонска поезија“ на социјалните мрежи со…