Трипуновски: Граѓаните не знаат каква храна консумираат, СДСМ и власта поради бизнис интерес втора година по ред не спроведува мониторинг за квалитетот на храната
Агенцијата за храна и ветеринарство која што постои како надлежна институција за контрола и безбедност на храна во Република Македонија веќе втора година по ред не спроведува мониторинг на квалитетот и безбедноста на храна, обвинува Цветан Трипуновски, претседател на Републичка комисија на ВМРО-ДПМНЕ за земјоделство, шумарство и водостопанство во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа.
Трипуновски истакна дека граѓаните втора година по ред не знаат што консумираат, бидејќи како што рече тој Второстепената комисија за жалби по јавни набавки го поништува процесот на избор на лабораторија која што треба да ги прави тие анализи.
Јас лани како технички министер апелирав до раководство на Агенцијата да се спроведе тој мониторинг. Но, лани бев жестоко нападнат дека измислувам, кажувам невистини, дека ВМРО-ДПМНЕ е креатор на лажни вести, денеска втора година по ред Република Македонија не спроведува контрола на безбедноста на храна. За гледачите да биде појасно тоа значи дека се што влегува во Република Македонија, дали е храна за бебиња, деца, за возрасни, дали станува збор за млеко, месо, млечни производи или се работи за контрола на пестициди, не се контролира, потенцираше тој.
Трипуновски откри дека се фаворизирала една лабораторија која била од една соседна држава на Македонија која притоа менаџментот на истата лабораторија веќе бил обвинет за пропусти и манипулации за безбедност на храна.
Ова пред мене е решението кое што Второстепената комисија за жалби по јавни набавки го поништува процесот на избор на лабораторија која што треба да ги прави овие анализи. Е сега зошто ова се случува? Ова се случува затоа што Агенцијата и власта предводена од СДСМ репер им е процентот, репер им е она кое што ќе го добијат во сопствениот џеб, нив не ги интересира ниту здравјето на граѓаните, ниту пак квалитетот и безбедноста на храната. Ова што се случува сега затоа што со поништувањето на оваа постапка се фаворизира една лабораторија на една од нашите соседни држави, каде што во таа лабораторија имаме менаџмент кој што е осудуван за пропусти и манипулации за безбедност на храна. Значи тие луѓе кои што се криминогени си нашле плодна почва во Македонија и луѓе кои што одговараат на нивните принципи на работа, и сакаат да влезат во Република Македонија, нагласи Трупуновски.
Замислете, втора година по ред во Македонија не се контролира квалитетот и безбедноста на храната. Агенцијата има годишна храна за мониторинг, се одвојуваат одредена сума на средства кои што по пат на јавна набавка се избира овластена лабораторија која што ќе ги контролира и прави тие анализи. Но, две години по ред Агенцијата за храна нема избрано лабораторија и многу едноставно е дека контролата во моментот никој не ја врши. Ова е сериозно прашање, ова значи дека СДСМ се лицемери кога кажуваат дека се грижат за граѓаните, за здравјето, а де факто е ова, рече тој.
Ќе заврши ова време, ќе дојде време на одговорност. За ова некој што го прави втора година по ред ќе мора да одговара, дециден е Трипуновски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
Владата го усвои ребалнсот, поточно дополнетиот предлог…
Именувани се в.д директори на Царинската управа…
Владата на денешната седница донесе повеќе кадровски…
Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…
Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…
(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…
Иван Стоилковиќ не е важен и не…
Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…
Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…