Трипуновски со порака до градоначалниците и пратениците на СДСМ: Во аграрот не треба да мешаме политика затоа што тие луѓе ја хранат целата држава

t

„Јас колку што сум информиран беа поканети и градоначалниците и на Крушево и на Кривогаштани од тој регион, и пратениците од тој регион, едноставно претпоставувам дека имале некаква наредба да не присуствуваат затоа што тоа е иницијатива на опозицијата. Ако сакаме да бидеме конструктивни, ако сакаме во мотиката да не мешаме политика треба сите да седнеме на заедничка маса. Тоа што не дошле, треба они да си дадат одговор зашто не дошле. Меѓутоа во аграрот не треба да мешаме политика затоа што тие луѓе ја хранат целата држава и не треба да ги делиме ниту на верска, ниту на политичка основа“,појасни Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство при ВМРО-ДПМНЕ во утринска емисија на Алфа телевизија коментирајќи го неприсуството на градоначалниците и пратениците од редовите на СДСМ на вчерашниот состанок каде што се говорело за проблемите на тутунарите од Македонија.

Трипуновски додаде дека тутунарите и сега како и минатата година се оставени сами на себе. Сами на себе затоа што еве како информација директорот на Државниот земјоделски инспекторат кој што е најповикана институција да го следи откупот и текот на тутунот иако градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во писмена форма се обратија до таа институција да ги засили контролите, локалната самоуправа иако нема надлежност сепак проблемите на нивните граѓани се и проблеми на градоначалниците затоа и се обратија. Директорот на државниот земјоделски инспекторат од пред новогодишните празници има земено годишен одмор. И според информациите на Трипуновски директорот на оваа институција ќе се врати на крајот од месецот. А, тоа значи дека тутунарите се оставени сами на себе, а институцијата која што треба да го контролира откупот едноставно е полузаспана.

„И сега можете да замислите во каква ситуација се наоѓаат тутунарите, уценети, потчинети, и молат да го продадат својот род. Тоа е онаа ситуација во која што се наоѓаат тутунарите, жалам што е ваква ситуацијата. Ние како опозиција ќе ги искористиме сите демократски можности и процедури да им помогнеме на оваа категорија луѓе и се надевам дека многу скоро ќе има промени на централната власт па така ќе можеме во права смисла да им помогнеме на земјоделците“, нагласи Трипуновски.

Трипуновски посочи дека во моментов е проблематичен откупот на тутунот, меѓутоа тука не изостануваат и останатите земјоделски гранки. Оризопроизводството е една од гранките од која што кочанскиот регион исто така егзистира, и веќе петта година по ред има проблеми во пласманот на оризот. Власта е глува пет години, значи ветуваше дека ќе донесе живот во Република Македонија, дека оризот ќе има 50 денари откупна цена итн. а, она што денес се гледа е само беда и плач кој што се слуша и гледа од тој регион.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Бајден повика на смиренот во американската нација:…

Бајден нагласи дека американската политика „никогаш не…

Приватните детски градински не се решение, дополнително…

Приватните детски градински не се решение, дополнително…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

„КОЧАНИ СЕ ГУШИ ВО ТОКСИЧЕН ЧАД“: Левица…

Од политичката партија „Левица“ велат дека се…