Три активни пожари низ Македонија

t

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во текот на вчерашниот ден 05.08.2024 година (понеделник – практично во последното деноноќие), имаше вкупно 23 пожари на отворен простор, од коишто, соглано вечерните и утринските информации, три (3) се уште се активни, шест (6) се под контрола и 14 се изгаснати, а на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК имало вкупно 2 563 повици во последното деноноќие.

Трите (3) пожари на отворено, што се уште се активни, се лоцирани во: Општина Македонски Брод, во пределот кај с.Тажево – с.Брезница – крак кон ЈП „Јасен“; вториот активен пожар е на територија на две општини – Општина Демир Хисар и во Општина Охрид, на Илинска Планина, во реон кај селата Витово, Базерник, Мало Илино и Брежани и третиот активен пожар е, исто така, на територијата на две општини – во Општина Дојран и Општина Богданци во реон кај с.Фурка кон Богданци.

Шест (6) пожари на отворен простор се под контрола, во:

Општина Пробиштип: с.Зелениград – с.Јамиште;

Општина Македонски Брод: с.Слатина;

Општина Охрид 1: Планина Галичица;

Општина Охрид 2: Косел – Расино – Опеница – Вапила;

Општина Пласница: с.Пласница (изгаснат) – с.Латово (активен) и во

Општина Делчево: Депонија Делчево;

Изгаснати се 14 пожари на отворено во: Општина Кичево, кај с.Бачиште; Општина Брвеница, с.Милетино; Општина Боговиње с.Жеровјане; Општина Гостивар, с. Чајле; Општина Богданци, м.в. „Погана“ кон „Ветерен Парк Богданци“; Општина Прилеп, м.в. „Теке“; Општина Неготино, кај фабриката „Македонија“; Општина Старо Нагоричане, во с.Жегљане, маало Рогожарци; Општина Василево 1 кај с.Радичево и с.Дукатино; с.Чалакли; Општина Валандово, с.Чалакли; Општина Студ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Три активни пожари низ Македонија

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…

САД очекуваат два брана напади врз Израел

Американските разузнавачи очекуваат сценарио кое вклучува два…

Грција заплени кокаин вреден милион евра скриен…

Грчките власти заплениле кокаин вреден повеќе од…

Приведено лице од прилепско поради предизвикување пожар

На 05.08.2024 во с.Штавица, прилепско, полициски службеници…

НИКОГАШ ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ: 8 години…

Скопје денеска одбележува осум години од невремето…