Три жртви во нападите со дронови врз Киев

t

Руската армија денеска информираше дека ги погодила „сите“ нејзини цели во Украина, неколку часа откако смртоносни напади врз Киев и други региони доведоа и до прекин на струја во многу места низ целата држава.

„Руските вооружени сили продолжија со напади со висока прецизност и со долг дострел… оружје во воените командни и контролни објекти и енергетските системи на Украина“, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Тие доаваат дека сите таргетирани цели биле погодени.

Украинското претседателство соопшти дека бројот на загинати во нападите во главниот град се искачи на три, откако повеќе од дваесет дронови го нападнаа Киев.

„Бројот на загинати како резултат на напад со камиказе беспилотно летало врз станбена зграда се зголеми на три. Деветнаесет лица се спасени. Во тек се акции за спасување “, објави на социјалните мрежи заменик-шефот на Претседателството, Кирило Тимошенко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Франција го блокира пристапот до израелските штандови…

Франција го блокираше пристапот до штандовите на…

Путин и Ердоган го осудија нападот на…

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…

До крајот на месецов ќе се знаат…

Процесот на избор на кандидати за градоначалници…

НАМЕСТО КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ М-НАВ ЗА СЕКОЈ…

По добиена согласност од Министерството за финансии,…

Макрон ја отфрла идејата на Трамп за…

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…