Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Русија
Три лица загинаа во Русија при пад на хеликоптер „Робинсон Р-66“ на компанија за ископ на злато, чии остатоци ги пронајде екипа за пребарување, соопшти денеска Центарот за цивилна заштита и заштита од пожари во Амур.
Хеликоптерот кој исчезна вчера се урнал на околу 30 километри од село, а во потрагата биле вклучени 20-тина лица со теренски возила и хеликоптер Ми-8, пренесува Интерфакс.
Инаку во понеделникот хеликоптерот направил нерегистриран лет над областа Зеј во регионот Амур. за што е покрената е кривична постапка за кршење на правилата за движење и контрола на леталото, јавува Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…
Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…
Изградба на нуклеарна централа на Месечината и…
Изградбата на првата нуклеарна централа на Месечината,…