Три лица починаа, мал број на новозаразени од Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена направени се 976 тестови, а регистрирани се 108 нови случаи на КОВИД-19.
Во Скопје – 83, Прилеп – 5, Штип – 4, Битола, Тетово, Кавадарци, Кичево и Кратово – по 2, Куманово, Охрид, Струмица, Гевгелија, Неготино и Македонски Брод – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (108), регистрирани се 30 реинфекции.
Регистрирани сe 135 оздравени пациенти од: Скопје – 90, Прилеп – 7, Охрид – 6, Битола – 5, Тетово – 4, Штип, Кавадарци, Кратово и Куманово – по 3, Кичево, Гевгелија, Неготино и Велес – по 2, Ресен, Крива Паланка и Берово – по 1.
Во текот на изминатите 3 дена (30.09 – 02.10.2022) пријавени се 3 починати лица. Две починати лица од Охрид (81г и 89г) и едно починато лице од Кратово (72г), сите се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, не се пријавени починати лица.
Направени се 976 тестови преку: ИЈЗ-135, ЦЈЗ Скопје-86, ЦЈЗ Битола-18, ЦЈЗ Прилеп-10, ЦЈЗ Тетово-7, ЦЈЗ Куманово-24, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија–48, Жан Митрев (Филип Втори)-7, Авицена-21, Биотек-48, Систина-5, лабораторија Лаор-15, Синлаб-1, Ремедика-12, Плодност-10, Генеа-10, Никоб Лаб-41, ВФВ Медикал-3, Ели Медика Плус-2, Ројал Медика–1, Спектра-ММ-1, Рапид Лаб–2, Жан Митрев Струмица–1, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 466.
Досега во земјата се направени вкупно 2.170.602 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.069, бројот на оздравени пациенти е 333.067, на починати е 9.537, а бројот на активни случаи изнесува 465.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучевиќ е позитивен на Корона, пред неколку…
Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ е позитивен…
Бајден позитивен на Ковид
Претседателот на САД, Џо Бајден, се тестираше…
Грчките здравствени власти предупредуваат на наглото зголемување…
Властите во Грција предупредуваат на зголемено ширење…
БЕЛГИСКИ СУД: На 17 мај рочиште за…
Основниот суд во белгискиот град Лиеж за…
Превентивни мерки против Ковид-19 во грчките училишта
По зимскиот распуст поради новогодишните и божиќните…